
Министерот за култура и туризам Зоран Љутков утре, денеска на 17 октомври ќе престојува во работна посета на Струга и Охрид.
Министерот Љутков во Струга ќе го посети оштетениот објект на споменикот Стара Струшка куќа на ул. Браќа Миладиновци бр. 16 -куќата на Владо Малески која е прогласена за значајно културно наследство.
Во Охрид министерот Љутков ќе ја посети библиотеката „Григор Прличев“ каде во 13:00 часот ќе се обрати на пригодната свеченост по повод враќањето на „Пчињското изборно евангелие“ кое важи за најстар ракопис зачуван во фондот на библиотеката.