
Вечерва, во 19:30 часот, во Уметничката галерија во НУ Музеј – Куманово, ќе биде отворена самостојната изложба на Синиша Кашавелски, насловена „Intriguing Impressions: The Enigma Collection“.
Влезете во светот на симболите, загатките и емоциите преку уникатна колекција на уметнички дела што ќе го разбудат вашето размислување и ќе ја откријат магијата на невидливото.
Дојдете и станете дел од оваа мистична средба меѓу материјалното и трансцендентното.