
Повеќе од 20 часа прилепските пожарникари и надлежните се справуваат со пожарот над Прилеп, зад Варош и месноста Заград. Ноќеска до полноќ, а потоа и од три часот изутрината досега е битката со овој пожар. Не е во опасност ниту манастирот Трескавец, а досега нема пријавено штети на објекти и викендички. На терен сега се 8 мина професионалци кои спречуваат да се шират жариштата. Нема материјална штета зашто теренот е карпест со ниска, сува вегетација. На овој локалитет секоја година има пожари.

Македонски



