Skip to main content

Македонската филхармонија годината ја заокружува со два новогодишни концерти – „Сонот на играчките” и „Слушни! Доаѓа Новата…”

Македонската филхармонија годината ја заокружува со два новогодишни концерти – “Сонот на играчките” (21 декември) и “Слушни! Доаѓа Новата…” (26 декември)

И двата ќе ги води диригентка Елена Митревска која гради успешна кариера надвор од Македонија, а во моментов работи во Операта во Малме, Шведска.

“Сонот на играчките” е распродаден, останаа уште малку билети за “Слушни!Доаѓа Новата…” – концерт со традиционална новогодишна програма, во која централно место имаат најпознатите валцери и полки од Штраус, а ќе бидат изведени и дела од Чајковски, Сен-Санс и Бизе.

Музичката “Одисеја” на Филхармонија продолжува и во Новата 2025 во која не очекуваат возбудливи концерти со нови солисти и диригенти

Поврзани вести