
Театар-Штип соопшти дека театарската претставата за деца „Магична симфонија” од авторката Весна Куслеска, а во режија на Никола Ристов, премиерно ќе биде изведена во вторник, 17.12.2024 год. во 19.00 часот на матичната сцена на Народниот театар – Штип. Додека пак, првата реприза е закажана на 18.12.2024 (среда).
Во претставата играат: Миле Вратеовски, Анѓелка Нашкова, Мирко Голомеов, Стефанија Митовска, Милорад Ангелов, а гласот на цвеќето: Елена Шорова Дербов. Композитор е Илија Ќосевски, костими: Ирена Китанова Мирасчиева, кореографија: Марија Минчева Андонов, сценографија и анимации: Никола Ристов и дизајнот е на Анѓелка Нашкова.