Веќе е спроведена измената во законската регулатива односно со што се направија измени во членот 70 В став 1 со кој се предвиде МКТ по претходна согласност на владата да носи годишна програма за изградба на нови објекти и за реконструкција, санација и адаптација на постојните објекти што ги користат јавните установи, истакна министерот Љутков на денешниот брифинг со новинарите.
Верувам дека во годинава која доаѓа ќе почнеме со изградба на овој значаен објект за градот Скопје.
Не можеме да си дозволиме било какви пропусти, ниту во постапката, ниту во градбата на објектот и затоа темелно и посветено работиме .