
Министерот за култура и туризам, Зоран Љутков во објава на Фејсбук сподели дека со воведувањето на „делегираниот буџет“, овозможиле поголема флексибилност и одговорно управување со ресурсите, во интерес на публиката.
Ова е израз на доверба кон раководителите на установите да ги истакнат своите менаџерски способности. Тие најдобро ги познаваат потребите на својата институција, без разлика дали станува збор за театар, музеј или галерија, истакна Љутков.
Тој посочи дека овој механизам е регулиран со закон и се одобрува на установи што веќе покажале солидни резултати во работењето и имаат капацитет да ги исполнуваат обврските квалитетно.