
Првописот на македонскиот јазик (Второ издание, 2017) пристигна во ГБСК!
По вчерашната најава на директорот на Национална и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Скопје, Јовица Никчевски дека Правописот треба да биде достапен во сите библиотеки и за сите корисници, денеска и лично ја добивме оваа значајна донација:
Согласно вчерашната најава дистрибуцијата на Правописот ја започнуваме токму од нашата најсродна и најблиска институција – Градска библиотека „Браќа Миладиновци“-Скопје, подвлече Никчевски.
Ја поддржуваме и поздравуваме иницијативата на НУБ Правописот да стигне до сите библиотеки и корисници. Ова е многу важно издание за нас како институција, но и за сите оние кои се занимаваат со проучување, истражување и негување на македонскиот јазик, истакна Снежана Стојчевска, директорка на ГБСК.
Љубовта кон македонскиот јазик на дело!