
Вечерва, 24.07.2026г. (петок), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт на Алтус НЗ Ансамбл насловен „Континуитет“.
Учествуваат: Гонца Богоромова Краповски – сопран, Елена Стојческа – флејта, Игор Иванов – кларинет, Мартин Димитров – виолина, Александар Лаовски – виола, Паскал Краповски – виолончело, Маријана Николовска – пијано, Roman Petiot – гитара, Pascal Gallois – уметнички директор.
Диригент е Ана Спасовска, а на програмата ќе бидат изведени дела од Андовска, Caplet, Connesson, De Falla, Piazzolla. Ravel, Saint-Saëns, Шахов, Спировски, Темков, Villa-Lobos и Зографски.
Билетите се во продажба на karti.com.mk
Утре вечер, 25.07.2026г. (сабота), со почеток во 20:30 часот во Салон 19’19 (Културно информативен центар) ќе се одржи камерен концерт под наслов „Бетовен за пијано“ на Мариа Летиција Микиелон од Италија.

Рецитал посветен на доцниот творечки период на Лудвиг ван Бетовен, во кој пијаното станува носител на длабока лична и музичка мисла. Програмата е обединета преку неговиот зрел композиторски израз, каде формата се проширува, а музичкиот јазик добива нова слобода и интензитет. Сонатите откриваат внатрешен дијалог меѓу структурата и емоцијата, меѓу тишината и звукот. Летиција Микиелон пристапува кон овие дела со јасна интерпретативна линија и чувствителност, создавајќи целовито и силно музичко доживување.
Овој настан е во соработка со Фестивалот Модоарс.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.
На 26.07.2026г. (недела), во Салон 19’19 (Културно информативен центар) со почеток во 20:30 часот ќе се одржи камерен концерт – пијано рецитал насловен „Музички епилог низ вековите“ на Тоше Поп-Лазаров.

„Музички епилог низ вековите“ претставува суптилно обликувано звучно патување низ емоциите и стиловите на романтизмот, во дијалог со современиот македонски музички израз. Преку делата на Шуберт, Шопен и Штраус, надополнети со „Пасторална свита“ од Стојан Стојков, рециталот отвора простор за интимно доживување на музиката како универзален јазик што ги поврзува времињата, чувствата и културите.
Билетите се во продажба на karti.com.mk.

Македонски


