Skip to main content

Изложба на ДЛУМ „Експериментален цртеж“ во КИЦ Софија

Во галеријата на Македонскиот културно-информативен центар во Софија утре со почеток во 18.30 часот ќе се одржи отворањето на изложбата на Друштвото на ликовните уметници на Македонија со наслов „Експериментален цртеж“.

Современиот третман н цртежот во глобални рамки доживеа длабока промена – од подготвителен, дел на процес медиум во самостојна, концептуална уметничка практика.

На оваа изложба, ДЛУМ овозможува и презентација на современ експериментален цртеж кој ја продолжува оваа тректорија, но со нови сегменти и димензии. Вклучувањето на дигиталните медиуми го проширува полето – цртежот се движи меѓу виртуелното и физичкото, помеѓу код и графит. Уметниците користат визуализација на податоци, аугментативна реалност или се враќаат на аналогни алатки со субверзивна интимност. Линијата како основа на цртежот станува нишка, трага или интерфејс. Во современтата македонска уметност, експерименталното цртање останува дивергентно и рефлексивно поле. Актуелните ликовни уметнички практики на цртање се повеќе ги ставаат во преден план прашањата за екологијата, преку употреба на проширени медиумски практики, до алгоритамско обележување на тактилни, гестовни ангажмани. Чинот на цртање станува спекулативен простор – зона во која границите меѓу формата и емоцијат, просуството и отсуството постојано се прецртуваат и доцртуваат, вели проф. д-р Маја Рауник Кирков, престадател на Уметнички совет на ДЛУМ.

Поврзани вести