
На денешната прес конференција, министерот за култура Зоран Љтков рече дека е избран изведувач за реконструкција на Универзална сала, но пристигната е жалба. Тој посочи дека се чека второстепената комисија која одлучува по жалбите да донесе одлука и се надева дека овојпат одлуката ќе биде позитивна, затоа што еднаш јавниот повик веќе пропадна, и дека изградбата на Универзална сала ќе продолжи.
Евалуацијата на документацијата заврши. Ја донесовме одлуката за избор на изведувач, тоа беше минатиот понеделник. Чекавме 10 дена, се појави жалба на пртпоследниот ден, по одлуката и сега чекаме второстепената комисија за жалби да се произнесе во однос на таа жалба. како што знаете претходниот пат падна, се надевам дека овој пат нема да се случи тоа. И како сѐ биде во ред, не знам на која седница второстепената комисија за жалби ќе се донесе одлуката, но штом ќе се донесе, веднаш пристапуваме кон потпишување на договорот и почеток на реконструкцијата, бидејќи, знаете и средствата се обезбедени“, рече Љутков,.
Прашан дали можеби процесот ќе се одолговлекува до недоглед, тој вели дека тоа е многу отворен процес.
Ние се надевавме дека ќе има повеќе заинтересирани, но сепак имаше само двајца понудувачи, од кои на едниот, како што одлучи комисијата, дека лиценцата по пожарот во Кочани, лиценците им беа, дали одземени, дали привремено одземени, но таа не ги исполнувале условите. Само една компанија ги исполнуваше условите и донесовме одлука таа да биде изведувач на реконструкцијата на Универзална сала“, рече Љутков.

Македонски

