Skip to main content

Државната опера од Варна гостува во Скопје со операта „Пикова дама“ од П. И. Чајковски

На сцената на Националната опера и балет вечерва љубителите на класичната музика и операта ќе имаат уникатна можност да уживаат во изведбата на една од најголемите опери на сите времиња – „Пикова дама“ од П. И. Чајковски, во изведба на солистите, хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.

Како што информираат од Националната опера и балет, гостувањето е резултат на меѓународната соработка и размената во областа на културата и уметноста. Овој настан е можност да се почувствува силата на музиката и уметничката интерпретација во вистинската форма.

Диригент е Григор Паликаров, режисер Вера Немирова, сценограф и костимограф Јулијан Табаков, кореограф Анна Пампулова, а диригент на хорот Теодора Георгиева.

Настапуваат: Валериј Георгиев, Ирина Жекова, Бојка Василева, Пламен Димитров, Иво Јорданов, Пламен Рајков, Евгениј Станимиров , Велин Михајлов, Петар Петров, Владислав Владимиров, Михаела Берова, Вјара Железова, Галина Великова, Лилија Илиева во придружба на хорот, оркестарот и балетот на Државната опера од Варна.

„Пикова дама“ е опера во три чина од големиот руски композитор П. И. Чајковски. Либретото се базира на истоимената новела од Александар Пушкин од 1834 година, но со драматично изменет заплет. Операта е позната по својата драматична содржина, музика полна со емоции и длабока психолошка комплексност на ликовите. Ова дело ќе биде изведено од страна на врвните уметници од Државната опера од Варна, со што ќе се создаде спектакуларна вечер исполнета со магијата на операта.

Поврзани вести

Casibom GirişDeneme Bonusu Veren Sitelercasibomholiganbet girişjojobetCasiboomcasino siteleriDeneme BonuslarCasibom Girişcasibomcasibom girişbonus fırsatıDeneme Bonusu 2024bonus 2024CASİBOMcasibomcasibom girişBeylikdüzü Escortcasibom girişcasibomcasibomcasino sitelericasibomcasibom girişcasibom