Skip to main content

Димовски, Пејковски, Јончиќ и Стојановски се добитници на наградата „Роднокраен автор за 2024 година“

НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ – Битола, ги соопшти добитниците на наградата „Роднокраен автор за 2024 година“. По разгледување на пристигнатите кандидатури, тричлената комисија едногласно одлучи оваа година да додели награди во четири категории:

  • Во категорија „Награда за животно дело на роднокраен автор од Битола“, добитник е Петре Димовски.
  • Во категорија „Роднокраен автор за 2024 година – поезија“, добитник е Зоран Пејковски.
  • Во категорија „Роднокраен автор за 2024 година – проза“, добитник е Елизабета Јончиќ.
  • Оваа година комисијата воведува и нова категорија – „Роднокраен автор за 2024 – Перото на библиотекарството“, а добитник е Илче Стојановски

Наградите ќе бидат свечено доделени на 18 март 2025 година, во 12:00 часот, по повод 80-годишниот јубилеј на библиотеката.

На сите добитници им упатуваме искрени честитки за признанијата, со желби за понатамошна успешна и плодна работа. Исто така, им се заблагодаруваме на сите кандидати кои учествуваа со свои пријави, со надеж за повторна средба во идните изданија на оваа награда, велат во објавата од НУ Универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“.

Поврзани вести