
Поради најавените временски услови и потенцијалното невреме, планираниот настан детската престава на Театар Хит „Во царството на другарството” од Сули ан (Стара скопска чаршија ) се префрла во затворен простор – културниот центар „Лабараториум“ на улица Св. Климент Охридски бр 68.
Одлуката е донесена со цел да се обезбеди сигурност и пријатно искуство за сите посетители и учесници.
Дел од средствата од продажбата на влезниците ќе бидат издвоени за финансиска помош на настраданите од неодамнешниот пожар во Кочани. Со оваа акција сакаме да дадеме скромна, но искрена поддршка на нашите сограѓани кои се соочуваат со последиците од оваа трагедија, информираат од Скопско лето.