
Познатата балетска претстава „Оревокршачка“ од Петар Илич Чајковски, под диригентската палка на Едуард Амбарцумјан (Ерменија), а во кореографија и по либрето на Саша Евтимова, вечерва ќе ја има втората изведба, во 19:30 часот, по премиерата која беше на 28 март на сцената на Националната опера и балет во Скопје.
„Оревокршачка“ е балетска фантазија за соништата, спомените и за вистините што ги разбираме дури кога ќе пораснеме.
Во претставата настапуваат: Христина Наќевска-Митрашиновиќ (Шеќерна вила), Франциско Хименез Руиз (Кавалер), Балаж Лочеи (Снежен крал), Наташа Трендафилова Гицев (Снежна кралица), Игор Веланоски (Дроселмаер), Бобан Ковачевски (Крал на Глувците), Веселин Трајкоски (Лукас – Оревокршач), Гала Кочевска (Клара) и Марко Мијатовиќ (Фриц).
Сценографијата е на Марија Ветероска, костимите на Марија Пупучевска, концерт-мајстор е Климент Тодороски, асистент-кореограф е Дмитро Чеботар, а асистент-кореограф на учениците од балетски оддел е Маја Митровска-Богојевска.
Учествуваат истакнати солисти и ансамблови играчи, оркестарот и хорот на МОБ и ученици од балетскиот оддел од ДМБУЦ „Илија Николовски – Луј“.

Македонски


