
На 29 октомври свечено ќе биде отворено 22. издание на Интернационалниот фестивал на античка драма „Стоби“. Фестивалот е во организација на театарот „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ од Велес а ќе трае до 5 ноември.
Фестивалот се отвора на 29 октомври со претставата „Агаменон: кругот на крвта“ во изведба на La Mama Experimental Theatre од Њујорк, САД. На 30 октомври следува „Калигула“ на Театарот Куманово а по нив на 31 октомври е претставата „Нешто големо“ во продукција на Accademia Mediterranea Dell`Attore од Италија.
Програмата продолжува на 4 ноември со „Ифигенија за ништо“ на Драмски театар – Скопје а фестивалот се затвора со Театар Штип и претставата „Лекција“.

Македонски








