
Во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков” во Прилеп, е отворена изложбата на дела од ДЛУП. Со свои дела се претставија 17 уметници,членови на ДЛУП, кои го презентираат своето творештво во различни техники и материјали, преку кои ја прикажуваат својата креативност во подем.

Изложбата ја отвори уметницата Лепа Милошеска.

На изложбата претставени се дела од Марта Макеска,Александар Џинго,Филип Перески, Методи Исков, Елена Димоска Николоска, Маја Ралева Миладиновски, Емил Солески, Филип Јовески, Марјан Стојаноски, Верче Николоска, Дарко Талески, Кирил Гегоски, Лепа Милошеска, Бојана Артиноска, Славчо Павлоски, Златко Крстески и Михајло Ристески.
