
62-годишен жител на скопско село е уапсен откако ѝ се заканувал со нож на неговата сопруга, соопшти МВР.
„На 05.03.2025 во 21:30 часот во скопско село, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода Д.С.(62), постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом со остар предмет и се заканувал на својата 59-годишна сопруга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, велат од полицијата.