Skip to main content

Жена со автомобил удрила во тинејџерка па избегала од лице место

На 11.03.2025 во 18.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на крстосница од ул.„Борис Кидрич“ со ул.„Благоја Тоска“ во Тетово, патничко возило, управувано од женско лице, удрило во А.З.(18) од Тетово и го напуштило местото на настанот, информира МВР.

Во несреќата, А.З. се здобила со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Тетово.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.