Skip to main content

Почнаа обуките за употреба на телесните камери за цариниците

Фејсбук/Бобан Николовски

Започнаа обуките за употреба на телесните камери што Царинската управа ги доби како донација од Амбасадата на САД, преку Меѓународната програма за помош и обука при вршење криминалистички истраги (ICITAP) на Министерството за правда на САД, соопшти директорот Бобан Николовски.

На граничниот премин Блаце, во присуство на полициското аташе при Министерството за правда на САД, Мајкл МекКи и управникот на царинарница Скопје, Томислав Ракиќевиќ, беше одржанa првата обука за 11 царински службеници од граничниот премин кои ќе ги користат камерите. По целосно завршување на обуките, боди камерите ќе бидат ставени во функција. Во оваа фаза телесните камери ќе ги користат царински службеници на граничните премини Блаце, Табановце и Ќафасан. Нивната употреба значително ќе придонесе за заштита на царинските службеници при извршување на нивните секојдневните работни задачи, а истовремено се очекува да придонесат и во борбата со организиран криминал и корупција, сподели директорот на Царинската управа, Николовски.

Поврзани вести