Skip to main content

Загина градежен работник во Кисела Вода

На 25.02. во 09.12 часот во СВР Скопје, од Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен С.С.(55) од с.Черкези, кумановско, кој подоцна починал.

Според пријавеното, при извршување градежни работи, тој паднал од објект во изградба на подрачјето на Кисела Вода.

Увид бил извршен и се работи на расчистување на случајот. 

Поврзани вести