Skip to main content

Во средно училиште: Малолетник со остар предмет повредил 15-годишен ученик

На 06.10.2025 во 11:45 часот во ОВР Кичево е пријавено дека во просториите на средно училиште во Кичево, 17-годишен ученик во училиштето со остар предмет нападнал 15-годишен ученик во истото училиште и му нанел телесни повреди, констатирани во болницата во Кичево.

Од напаѓачот е одземен остриот предмет и по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Поврзани вести