
Едно лице е потешко повредено во сообраќајна незгода што се случи кај надвозникот кај Соколарци на експресниот пат Штип – Кочани. Во сообраќајната несреќа едно возило на АРМ се превртело на коловозот.
Од Армијата потврдија дека се случила сообраќајна незгода, но повеќе детали најавуваат за подоцна.
Повредениот од болницата во Кочани е префрлен во болницата во Штип.
Поради сообраќајна несреќа што се случила околу 13 часот во прекин е сообраќајот за сите возила, а сообраќајот се пренасочува по локалниот патен правец од Соколарци кон Кочани и обратно.
Сообраќајот се пренасочува по стариот пат Штип-Кочани и по околните патни прваци.