Skip to main content

Викендов 253 возачи возеле без возачка дозвола, 131 возач возел под дејство на алкохол

Во рамки на засилените контроли викендов полициските службеници во сите сектори за внатрешни работи при БЈБ на МВР изрекле вкупно 2391 платни налози. Притоа без возачка дозвола биле затекнати 253 возачи, 131 возач возеле под дејство на алкохол, а пак 679 управувале возило со непрописна брзина.

Како што информира МВР, евидентирани се и 348 прекршоци по основ на непрописно паркирање, 192 лица некористеле сигурносен појас, 58 возачи на моторцикли не користеле заштитен шлем, 68 возачи зборувале на мобилен телефон, 15 минале на црвено светло, а прекршочно биле казнети и 11 пешаци.

Досега, односно за првата половина од овој месец – заклучно со податоците од 16 март, од сообраќај вкупно беа отстранети 1154 возачи што управувале возила без возачка дозвола, 487 возачи паднале на алкотест, додека пак дури 2790 возачи добиле прекршочни казни заради прекорачување на пропишаната брзина на движење, стои во соопштението.

Од вкупниот број издадени платни налози – 11750, 925 платни налози се однесуваат на некористење сигурносен појас, 473 – за говорење на мобилен телефон при возење, а казнети се и 324 пешаци. Вкупно 2591 прекршочни пријави се однесуваат на неправилното паркирање, а поради техничка неисправност од сообраќај биле отстранети 97 возила, како и уште 278 возила кои што биле нерегистрирани.

Поврзани вести