Skip to main content

Видевски тврди дека на денот кога е убиена Вања не излегол надвор од просториите на Десна

Откако ќе го истепаа Кешишев знаев дека сум јас на ред бидејќи бевме преку една ќелија, го продолжи своето излагање Боре Видовски.

Во судот кажав се што кажав во станица но тоа не реална изјава бидејќи е под принуда, се пожали Видевски во судот.

Откако се вратиле во притвор тепањето продолжило и го вратиле во ќелија и при влезот ми ја удрија главата од вратата. Вратата е железна. Имав болки во бубрезите. До денеска имам навреди и закани кон моето семејство. Пред келијата ги слушам како двајца однадвор повторуваа вербални закани. Истото што ми го кажуваа и во станица.

За денот кога е убиен Жежовски

Од седум часот работам во ЈК Дервен како комерцијалист. Од сабајле примаме нарачки за потребите на фирмата. Работата е еднолична. По работата си отидов дома.

За 27 ноевмври

Вечерта на 26-ти Велибор ме зема со колата и тргнавме за Скопје. Се задржавме многу и разговаравме за конгресот на партијата и наоѓање на просторија. Првиот се одржа во црква во село Бразда а вториот во Трескавец. Никој не сакаше да ни изнајми простор, од политички причини, се присети Видевски.

Тој вели дека не планирал да остане во Скопје, но сепак останал. .

Другиот ден станав, поседов кратко и си отидов, точниот час не го знам. Реков 10, но мислам дека беше порано. Тој ден не ги напуштив просториите на партијата, уверува Видевски.

Поврзани вести