Skip to main content

Вчеравечер прегазена прилепчанка, возачот избега

Вчера во 21.55 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека во Прилеп на ул.„Прилепски бранители“ се случила сообраќајна несреќа во која патничко моторно возило удрило во В.М.(73) од Прилеп и го напуштило местото на настанот.

В.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска болница Прилеп.

Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Поврзани вести