Skip to main content

Убиен осуденик во судскиот оддел во Психијатриската болница во Бардовци

Freepik

На 05.08.2025 во 01:38 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 00.50 часот во Јавната здравствена установа „Психијатриска болница Скопје “ во Бардовци, во соба на судскиот оддел, настанала физичка пресметка помеѓу осудениците Д.С.(35) од Неготино и И.Т.(62) од с.Љубанци, скопско.

Како што е наведено во полицискиот билтен, од ударите со стаклено шише И.С. паднал во бесознание, по што бил пренесен во Ургентен центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што во 02.20 часот починал. Лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Д.С. е задржан во собата каде се случил настанот.

Имено, Д.С. е осудено лице за сторено кривично дело „убиство“, додека И.Т. бил осуден за кривично дело „семејно насилство“.

По целосно расчистување и документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести