Skip to main content

Уапсен е 21-годишниот возач кој усмрти пешак во Марино

Полицијата лиши од слобода млад возач А.А.(21) кој вчера вечерта во 23:20 часот, усмрти пешак на ул.„500“ во с.Марино управувајќи автомобил „киа“. Во сообраќајната несреќа животот го загуби 52 годишниот жител на Марино О.М..

Во несреќата, од здобиените повреди на местото починал О.М., а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт. По насоки на јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција, возилото е одземено за вештачење, а возачот А.А. е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба, информира МВР.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Поврзани вести