
Ноќеска и рано изутринава полицијата спроведе акција на повеќе локации низ државата, при што се приведени повеќе од десет лица. Меѓу нив има и поранешен директор, лице кое во минатото било високо етаблирано во структури поврзани со ДУИ.
Акцијата започнала во текот на ноќта меѓу 17 и 18 декември 2025 година од страна на Одеелот за сузбивање на организоран инсериозен криминал при БЈБ – МВР, во координација и под раководство на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. Според досегашните информации, станува збор за сузбивање на организирана криминална група осомничена за кривични дела од областа на корупцијата и економскиот криминал.
По претходно обезбедени судски наредби, извршени се претреси на повеќе локации во Скопје и Куманово, неофицијални при претресите до сега се пронајдени и одземени парични средства во различни валути, мобилни телефони, лаптопи, хард дискови, како и финансиска и друга релевантна документација.
Во моментот, според неофицијални информации, во тек се претреси и во два правни субјекти на подрачјето на Скопје и Куманово.
Повеќе детали се очекуваат во текот на денот.

Македонски






