Skip to main content

Туфегџиќ: Нема ниту еден доказ за комуникација меѓу таткото на Вања и Палевски

Александар не бара мислост туку праведна судска одлука и одговор зошто се осудени да живеат со болка, рече денеска адвокатот на Александар Ѓорчевски, Владимир Туфегџиќ.

Не се докажа мотивот – давање на пари, ниту пак, дека таткото помогнал во грабнувањето, ниту дека таткото дал информација кога детето ќе оди на училиште. Нема докази за комуникација со првообвинетиот, рече адвокатот при завршните зборови на одбраната.

Тој нагласува дека обвинителството не ја докажа комуникацијата меѓу Љупчо Палевски и таткото на Вања, иако твдат дека имало, но оти веројатно Палчо ја избришал како добар познавач на технологијата.

Таткото воопшто не им бил потребен за извршување на планот на обвинетите, потенцира Туфегџиќ.

Туфегџиќ потетува на изјавата на Зорица, поранешната сопруга, дека со Александар имале добри односи и оти бил грижлив татко. Како доказ го посочува фактот што Александар имал клуч од станот каде што живееле со ќерките.

Во тој контекст според Туфегџиќ ја цитираше изјавата на мајката Зорица дека Александар не тврдел веднаш по грабнувањето дека Вања е киднапирана, туку до таков заклучок дошол вечерта кога сите биле собрани во станот.

Tуфегџиќ ја опиша врската на Вања со двајцата родители

Вања никаде не одела без да им се јави на еден од родителите. Тие пак дополнително ја следеле преку GPS тракинг.

Туфегџиќ потсетува дека е нормално Александар да биде конфунзен и збунет, односно како бил татко кој ја бара сопстената ќерка.

Туфегџиќ отрива дека сведокот Гоце Трајковски преку своите врски во полицијата дошол до цитроенот а преку социјалните мрежи пронашол дека лицето и возилото се бараат како и регистарската ознака.

Поради сево ова, Туфегџиќ побара ослободителна пресуда за Александар Ѓорчевски.

Поврзани вести