Skip to main content

Тошковски во посета на Одделот за прекршоци: Следува реорганизација и унапредување на капацитетот за потребите на „Безбеден град“

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска беше во работна посета на Одделот за прекршоци на МВР кој ги процесира и реализира сите прекршочни пријави кои се во надлежност на Министерството.

Целта на посетата беше да се запознаеме со тековната работа и конкретните предизвици и проблеми со кои се справуваат во Одделот со цел унапредување на процесите и нивната ефикасност. Подобрување на ефикасноста на сите процеси во Министерството е еден од нашите главни приоритети со цел да понудиме на граѓаните институција која се грижи за нивната безбедност и испорачува брзи и ефикасни услуги во сите сегменти на работењето – вели Тошковски.

Во следниот период планираме, истакнува министерот, преку квалитетна реорганизација на Одделот за прекршоци да го унапредиме неговиот капацитет за да одговори и на потребите на проектот „Безбеден град“. Овој проект ќе биде нова ера, нова страница во унапредувањето на безбедноста на сообраќајот, а Одделот за прекршоци ќе биде составен дел на целокупниот систем.

Поврзани вести