
Нов случај со врсничко насилство во Скопје овојпат заврши со тешко повредено дете.
Како што соопштува МВР, вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди.
Од полицијата велат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Македонски


