Skip to main content

Тешко повреденo 14-годишно момче на мотор во Велес

МИА
МИА

Четиринаесетгодишник се здобил со тешки повреди откако паднал од мотор кај новите згради „Атлантис“ во близина на поранешната фабрика „Киро Ќучик“ во Велес.

Од Итната медицинска помош за МИА информираат дека момчето се здобило со тешки повреди и по укажаната прва помош однесен е во Општата болница во Велес. 

Портпаролката на Општата болница Билјана Босилкова во изјава за МИА вели дека на момчето му се констатирани тешки повреди на главата и дека е во стабилна состојба, но поради сериозноста на повредата е препратено на натамошно лекување на Клиниката за неврохирургија во Скопје. 

Поврзани вести