Skip to main content

Тешко повреден работник во Гази Баба

Вчеравечер во 21.08 часот во СВР Скопје од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека кај нив со тешка телесна повреда бил донесен З.Д.(60) од с.Волково, скопско.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување на работни задачи во приватна фирма на подрачјето на Гази Баба.

Излезено било на местото на настанот од полициски службеници од СВР Скопје и известен бил трудов инспектор.

Поврзани вести