Skip to main content

Тешко повреден маж: Возач на трактор го удрил и избегал

На 20.05.2025 во 21.06 часот во СВР Битола е пријавено дека на регионалниот пат Битола-Прилеп, кај мостот на река Шемница, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген голф” со битолски регистарски ознаки, управувано од Г.Л.(56) од с.Горно оризари, битолско и трактор со приколка, по што возачот на тракторот го напуштил местото на несреќата.

Во несреќата возачот на патничкото возило Г.Л. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид извршила увидна екипа на СВР Битола.

Поврзани вести