Skip to main content

Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид

МВР

На 13.06.2025 година во 08.20 часот во СВР Охрид е пријавено дека на магистралниот пат Кичево-Охрид, поточно кај селото Ново Село, општина Дебрца, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од С.Б.(29) од село Желино тетовско и патничко возило „Форд куга“ со струшки регистарски ознаки, управувано од Ј.Џ.(52) од село Биџево, струшко.

Во несреќата Ј.Џ се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, кој што потоа поради сериозноста на повредите, е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.

За настанот е известен надлежен Јавен обвинител, а увид е извршен од судски вештак и увидна екипа од СВР Охрид.