Со транспаренти, обележја, младите, студентите и граѓаните маршираат по скопските улици од институција до институција. По кобната несреќа во која животот го загуби дизајнерката Фросина Кулакова, бараат правда и промени во системот.
Tатко на Фросина, Тодор, порача дека „Судии, обвинители, проценители и извршители направија друштво за надавање како аукциски куќи „Кој ќе плати повеќе мито тој добива“.
Револтот го напишаа на транспаренти – „Безбедноста е право, не луксуз“, „Улиците не се тркачки патеки“, „Судии ослободете ја правдата“, пишува на некои од транспарентите. Маршот го предводат родителите и сестрата на Фросина, додека присутните носат црни маички на кои стои „Правда за Фросина“.
По триминутниот молк пред Собрание, демонстрантите се упатија кон Основното јавно обвинителство, а протестот завршува пред Кривичниот суд.