Вчера во 11.45 часот полициски службеници од ПО Камењане го лишиле од слобода Р.Т.(25) од с.Камењане.
Тој во 10.15 часот во ПО Камењане бил пријавен од А.Б.(31) и неговиот татко АБ.(54) од с.Боговиње, дека околу 10 часот физички ги нападнал и, според пријавеното, истиот при нападот користел и метална шипка.
Како што соошти СВР Тетово, тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.