
Вчера во 11.30 часот во СВР Тетово, Ј.И.(41) од Тетово пријавил дека околу 10.00 часот во дворот на средното училиште во Тетово каде што учи, неговиот малолетен син, поради претходно недоразбирање, бил физички нападнат од негов соученик, кој употребил и стаклен предмет.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од СВР Тетово.