
Костум на Супермен и малку добра волја е сè што му требаше на 17-годишниот Рудијансја за да стане херој во Индонезија. Тинејџерот веќе неколку години помага во гаснењето на шумските пожари во својата земја, но вниманието на себе го привлече откако почна да се облекува како Супермен додека учествува во акциите за справување со огнените стихии.
Рудијансја е од 2023 година дел од групата волонтери што учествуаат во гаснењето шумски пожари во и околу градот Палангкараја на индонезискиот дел од островот Борнео. Групата волонтери ја основал неговиот татко, а Рудијансја помагал во слободното време по училиште.
Оваа година, тој имал едноставна идеја да облече костум на Супермен додека гаси пожар. Видеото од млад човек во црвено-синиот костум на Супермен на позадината на поцрнет пејзаж, се прошири низ целата земја и стана вирално.
За волонтерите, но и за Владата, ова помага многу да се привлече вниманието кон многуте шумски пожари. Индонезискиот министер за шумарство на а Рудијансја веќе му ја додели титулата „шумски херој“.
„Многу обичното момче“, според неговиот татко, сонува еден ден да стане шумар. „Многу сум среќен затоа што можам да им помагам на луѓето“, изјави 17-годишниот Рудијансја.
Тој објаснува дека ја мокри својата униформа секој ден, а исто така ја пере секоја вечер.
Пожарите веќе уништија повеќе од 200.000 хектари шума на Борнео од јануари до јули. Во меѓувреме, сушата што е резултат на моќниот климатски феномен Ел Нињо, продолжува.

Македонски


