
Само во текот на вчерашниот ден биле пријавени уште два нови случаи со врсничко насилство и нападнати малолетници.
Прво утрото во СВР Скопје 38-годишна жена пријави дека на 21.06.2026 околу 21:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници од кои двајца ги познавал.
Вечерта околу 23:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Центар малолетничка била физички нападната од две други малолетнички кои ги познавала.
Од МВР велат дека се преземаат мерки за расчистување на случаите.

Македонски



