![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/02/pozari-1-1024x576.jpg)
Штипските пожарникари во текот на овој период на грејна сезона најмногу интервенираат на запалени оџаци. Но, командирот на Територијалната pротивпожарна единица (ТППЕ)-Штип, Благој Ренџов истакна дека во овој период имаат и гаснење на пожари на отворено, односно земјоделците за да се спремаат за сеидба на оризот деновиве интензивно ги палат и стрништата.
-Грејната сезона уште не е завршена. Во текот на овој период имаме интервенции на запалени оџаци и веќе е сезоната каде се подготвуваат нивите за сеидба, па чести се и пожарите на отворен простор. Ние како ТППЕ ја покриваме и Општина Карбинци каде што поголем дел од интервенциите на отворено и ни се во Општина Карбинци, изјави Ренџов.
Тој додава дека располгаат со добро подготвен кадар на пожарникари, а изминатиот период се набавени и нови возила и опрема за пожарникарите, за да можат да делуваат на секаков вид пожар.
-Ланската година за нас пожарникарите беше многу тешка година. Секојдневно имавме од четири до седум интервенции на запалени шумски површини и стрништа и бевме ангажирани 100% од наштето работно време. Оваа година иамме набавка на уште едно возило, а имаме и метли, гребули и мислам дека сме со добра стандард, рече Ренџов.
Тој апелира до земјоделците да не ги палат своите ниви, бидејќи со појава на ветер може да избувне поголем пожар и поголема интервенција, за спасување на нечиј дом, објект, шума.