
Возачот кој смртоносно ја прегази 22-годишната Теодора Ристевска, доби две години казна затвор. Ова е пресудата на Основнниот суд во Тетово, откако процесот 2,5 години се влечеше низ правосудните лавиринти. Казната е изречена по признание на вина. Семејството е разочарано од казната.
Рочиштето се одржа откако претходните две се одложија, оти возачот, Менсур Пајазити, бил во болница.
По сообраќајната несреќа во август 2022 година, првото судење почна скоро една година подоцна во јули 2023, а во ноември 2023 по признавање на вина на возачот, бил осуден на три години и шест месеци затвор. Судскиот процес се врати на повторно судење откако Апелација ја укина пресудата.