
Малолетно момче било брутално претепано и избодено седум пати во крвава вечер пред десетина дена во Ченто. Станува збор за 14-годишник кој се здобил со тешки повреди по напад од три непознати лица.
Во полицискиот билтен е наведено дека на 22 јуни околу 23:05 часот било пријавено дека на подрачјето на Општина Гази Баба малолетник бил физички нападнат од три лица.

Сега, на социјалните мрежи беше споделена снимка, која набргу стана вирална, а сега е избиршана, а за која се тврди дека покажува како момчето е оставено без свест. Порталот 24инфо ја објаву повторно:
„Фокус“ го пренесува сведочењето на родителите, според кои нападот се случил истиот ден околу 21:30 часот кога тој излегол од дома за да се сретне со братучедите и се движел кон улицата „Финска“. Тројцата напаѓачи го пресретнале пред да стигне на договореното место и без повод започнале физички да го удираат. Во текот на нападот, едно од лицата извадило нож.
Според нивните наводи, насилството продолжило и откако момчето било повредено сè додека не ја изгубило свеста, а потоа лицата го оставиле на местото на нападот, а повредениот малолетник бил пронајден од случаен минувач, кој повикал Итна медицинска помош и полиција.

Македонски


