Сопружници на возраст од над 80 години изгореа во пожар во семејната куќа во Крива Паланка, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Оттаму велат дека во 08:57 часот е добиена пријава за запалена куќа на улицата Херој Карпош во Крива Паланка.
„Во гаснењето на пожарот интервенирале 9 пожарникари со 2 противпожарни возила. Пожарот е изгаснат во 10:00 часот. Во пожарот имало и две жртви сопружници на постара возраст (над 80 години)“, соопшти ЦУК.