
Глисер што се спуштал во Студенчишки канал во Охрид утрово се запалил, информираат од охридската полиција.
Во пожарот нема повредени лица, а причинета е поголема материјална штета.
„Денеска околу 10:20 часот во СВР Охрид пријавено е дека има чад кој доаѓа од Студенчишкиот канал каде што се запалил пловен објект – глисер. Екипи од СВР Охрид, езерската полиција, армискиот центар за обука на вода и противпожарните екипи од Охрид веднаш се излезени на терен“, велат од СВР Охрид за „360 степени“.
Оттаму додаваат дека е предизвика поголема штета на глисерот што се запалил од засега нејасни причини. Исто така, штета била предизвикана и на други глисери што биле во негова близина.