
Ако во рок од четири години дозволата ви е двапати одземена, повторно ќе полагате за возачки испит.
Ова го предвидуваат измените во Законот за прекршоци и безбедност во сообраќајот, кои се веќе објавени и ќе важат од почетокот на следната година. Процесот на одземање ќе биде забрзан – по правосилна пресуда, судот треба да ја информира полицијата за забраната за управување во рок од две недели, јавува Сител телевизија.
Министерството за внатрешни работи ќе испраќа и текстуална порака или е-пошта до прекршителот, информирајќи го кога започнува забраната.
Во новите закони, ќе се користат камери за казнување. Возачите кои направиле прекршок ќе добиваат електронски линк со фотографија и платен налог.

Возачите на мотори, велосипеди и тротинети кои користат слушалки, смарт часовници или мобилен телефон ќе бидат казнувани со глоба од 50 евра. Пешаците кои преминуваат улица или велосипедска патека со користење на електронски уреди ќе бидат казнувани со глоба од 40 евра.

Извор: Сител телевизија