
Лишени од слобода се двајца косовски државјани, во нивното возило се пронајдени мигранти од Пакистан, информираа денеска од Министерството за внатрешни работи.
Синоќа околу 23:30 часот на автопатот А1, кај место викано „Клучка Смоквица“, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица и Полициска станица за граничен надзор Михајлово ги лишија од слобода С.Б.(61) и Х.С.(53), двајцата од Косово. При контрола во возило „шкода рапид“ со косовски национални ознаки, што го управувал С.Б., а сопатник бил Х.С., биле пронајдени две лица мигранти од Пакистан. Лицата се задржани во полициска станица, а мигрантите и возилото се сместени во Прифатно – транзитен центар Винојуг во Гевгелија, појаснија од МВР.
По целосно документирање на случајот, додадоа од МВР, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава

Македонски


