Skip to main content

Приведен криумчар, пронајдени осум мигранти

Полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и гранични проверки Богородица синоќа во 1.30 часот на локалниот пат Богородица – Стојаково, на место викано „Табла“, го лишиле од слобода Ј.Т.(29) од Република Турција.

Како што информира МВР, при преглед во возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени осум лица мигранти, од кои три од Сирија, три од Авганистан и две од Ирак.

Мигрантите биле предадени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија за понатамошна постапка, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани вести