![](https://republika.mk/wp-content/uploads/2025/01/policija.png)
Инспектори од Криминалистичката полиција при СВР Велес утрово започнаа со претреси на повеќе локации, трагајќи по нелегално оружје и муниција, објави Плусинфо повикувајќи се на полициски извори.
Според неофицијални информации, претресите се спроведуваат на подрачјето на Општина Чашка, каде што полицијата постапува по оперативни сознанија за лица кои можат да поседуваат нелегално оружје.
Засега нема информации за тоа дали при претресите се пронајдени оружје или експлозивни средства, но акцијата е во тек, а полицијата ги засилила безбедносните мерки во реонот.